ЗОШТО ТРЕНИНГ ЗА БЕЗБЕДНО УПРАВУВАЊЕ
Најризична категорија на моторизирани учесници во сообраќајот се мотоцклистите со најтешки људски и материјални последици. Немилосрдната статистика покажува дека бројот на незгоди на мотоцклистите е голем, а по анализите едена од главните причини е недоволната и неадекватна обука, како и квалитетни тренинзи за безбедно управување по улед на земјите од ЕУ. За време на секојдневно управување во сообраќајот вашето управување станува автоматизирано. Ова може да значи дека во некоја критична ситуација можеме лесно да превидиме или пак да видиме кога за тоа ќе биде касно. Со цел безбедно да се вози, управувањето со мотоцикл бара напредни вештини кои ви овозможуваат управувањето да биде право уживање. Без разлика на тоа колку е вашето знаење за управување на мотоциил, секогаш можете да научите повеќе. Ако мислите дека веќе се сте научиле, размислете повторно. И светските шампиони на врвот на својата кариера зборуваат за тоа колку тиа сеуште учат. На тренинзите за безбедно управување ви укажуваме на грешките кои се присутни во тек на управувањето и ви покажуваме вештини за управување, кои ќе ви овозможат да знаете како да бидете безбедни во тек на управувањето и како да ги совладувате критичните ситуации до кои може да дојде. Тренинзите се базирани на долгогодишно искуство на нашите стручно соработници, како и анализа на голем број на сообраќални незгоди во кои учесници се мотоциклисти. Тренингот за безбедно управување - МОТО ТРЕНИНГ. е наменет за сите возачи на мотоцкли и скутери кои поседуваат важечка возачка дозвола за потребната категорија и кои саккат да ги надополнат своите знања за техничкп возњење или да совладаат управување со мотоцикл во различни услови. Тренингот се реализира во комбинација на теоретски и практичен дел на полигон.
ОСНОВЕН ТРЕНИНГ ЗА БЕЗБЕДНО УПРАВУВАЊЕ
Тренингот е конципиран така да се почнува со мали брзини, преку учење на контрола на гас и квачило поради совладување на вежби и ликови, рамнотежа и држење на телото на мотоциклот. Истотака Ви овозможува основни знаења како мотоциклот се однесува во управување на право и управување во кривина, како и правилна техника на кочење во зависност од кочниот систем и условите на управување. Потоа продолжуваме со низ на вежби кои Ви овозможуваат да правите работи за кои сте мислеле дака се невозможни. Сите овие вежби имаат за цел да Ви дадат реална контрола над мотоциклот. Резултат на основниот тренинг е подигање на нивото на спретност со управување на мотоциклот, а со тоа ја намалувате можноста за предизвикување на сообраќајна незгода поради не познавање и преценување на своите можности.
ПРОГРАМСКА СОДРЖИНА:
– припрема на мотоциклот и мотоцклистите за управување;
– положба на возачПт на мотоциклот - положба на телото;
– вежби на одржување на рамнотежа;
– управување и водење на мотоциклот;
– управување на мотоциклот во тек на споро управување;
– технија на водење со поглед;
– технија на превртено управување;
– управување во свиоци и дејството на сила на мотоциклот;
– ненадејно сопирање (сопирање во паника);
– слалом;
НАПРЕДЕН ТРЕНИНГ ЗА БЕЗБЕДНО УПРАВУВАЊЕ
Тренингот е конципиран нано логичен продолжеток на трнингот на основно ниво. Преку поинтезивни вежби и техники ја подигувате ситуацијата на управување на поголемо ниво. Сите вежби од основниот тренинг на безбедно водење се работат при поголеми брзини. Овој тренинг Ви овозможува можност да ги потврдите знаењата кои сте ги стекнале на основниот тренинг како и да ги препознаете можните реакции на мотоциклот во управување низ кривина, како и причини за ваквото однесување на мотоциклот. Овој тренинг се базира на правилно држење на безбедна дистанца, ибегнување на препреки и техника на сопирање во различни ситуации. Резултат на вашето ниво на тренинг е подигнување и усовршување на вашето ниво на спретност во управувањето и совладување на вештини на предупредување во различни ситуации односно елеминирање на истите.
ПРОГРАМСКА СОДРЖИНА:
– осмица;
– напреден слалом;
– шиење;
– меранем терен;
– превилна проценка на безбедна дистанца;
– правилно сопирање на различни подлоги;
– избегнување на пречки;
– изненадно споирање и избегнување на пречки;
– изненадно споирање и избегнување на пречки во непознат правец;
– сопирање во кривина.
ТРЕНИНГ ЗА БЕЗБЕДНО УПРАВУВАЊЕ СО СОВОЗАЧ
Возачите на мотоцикл многу често се во прилика да се возат со совозач и затоа одлучивме во нашата понуда за тренинг да вклучиме и тренинг на безбедно управување со совозач. Како возачпт така и совозачот мора да знае како правилно се седи на мотоциклот и како да се однесува во текот на управувањето во кривини, при нагли убрзувања и нагли сопирања.
РЕЛАЦИСКО УПРАВУВАЊЕ
Практично надградување - вежба низ усовршување на узвоените елемени.
ПРИЈАВА ЗА ТРЕНИНГ
• Ве молиме многу внимателно да ја внесете вашата точна e-mail адреса и број на мобилен телефон за да може да Ве контактираме. Погрешно внесените контакт податоци ќе направат остатокот на оваа пријава да биде неважечка.