За нас
Здружението за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот МОТО КЛУБ БЕЗБЕДНОСТ Скопје, е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирање на политиките во областа на мотоциклизмот, мототуризмот и безбедноста во сообраќајот на мотоцикли и други сообраќајни сретства / се залага за решавање на општествените предизвици во областа на мотоциклизмот, мототуризмот и безбедноста во сообраќајот на мотоцикли и други сообраќајни сретства / промовира, информира и реализира активности за унапредување на свеста за безбедноста при управување со мотоцикли и други сообраќајни сретства како и активности врзани за едукација за безбедно управување на мотоцикли на своите членови како и надворешни правни или физички лица, организации или групи на граѓани кои пројавиле интерес за лично или групно усовршување на познавањето на безбедното управување со мотоцикли.
– мотоциклист (BIKER) – чист, уреден, дисциплиниран
– мотоциклист (BIKER) – едуциран, обучен за управување со мотоцикл
– Безбедност на возачот на мотоцикл и скутер во јавниот сообраќај
– Натпреварување во умешно, сигурно и бебзедно возење
– Поддршка на млади таленти
– Регионални дружења
– Интернационални дружења
– Културолошка размена и едулација
– Скопје и Македонија – РАЈ за мотоциклистите од целиот свет
Основна цел на Здружението за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот - Мото Клуб Безбедност - Скопје е развој, афирмација, промоција на мотоциклизмот, мототуризмот, мото спортот и сродните дисциплини, унапредување и заштита на животната средина како и промоција на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите и останатите учесници во сообраќајот, помеѓу своите членови како и надворешни физички или правни лица, институции и организации, а особено кај возачите почетници и помлади категории на лица кои управуваат или планираат да управуваат мотоцикли.
– да со своето делување допринесува во развој, афирмација, промоција на мото спортот и сродните дисциплини, мототуризмот како и промоција на безбедноста при управување на моторцикли помеѓу своите членови а особено кај возачите почетници и помлади категории на лица кои управуваат или планираат да управуваат мотоцикли;
- да со своето делување влијае на подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста на моторциклистите како и да влијае на зголемување на масовноста со бавење со мото спорт и сродни дисциплини, осебено кај младата популација;
- поттикнува работа кај своите членови со доделување на признанија;
- зачувување на угледот на мотоспортот и моторциклистите преку делувањето на своите членови;
- промовира образовна и воспитна функција на мотоспортот и безбедното управување на моторциклите, „фер-плеј“ делување, разбирање, толеранција и одговорност преку бавење со мотоспортот или други спортски дисциплини;
- обавува дејности и активности во согласно со позитивните Законски прописи и во согласност со овој Статут;
- поттикнува подигање на свеста на сите учесници во сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на моторциклистите преку работилници, трибини, семинари, тренинзи;
- поттикнува и организира стручни тренинзи на моторциклистите и другите учесници во сообраќајот и поттикнува и организира општествено-корисни дејности во доменот унапредување на општата безбедност во сообраќајот, како и заштита на животната средина;
- го промовира мотоциклизмот како општествено корисен вид на сообраќај;
- го поттикнува подигањето на свеста и унапредување на општото знаење на населението во областа на заштитата на животната средина и безбедноста на сообраќајот во земјата, со особен акцент на младата популација и децата;
- јавно промовира алтернативно развиени идеи во областа на заштитата на животната средина и безбедноста во сообраќајот пред донесувачите на одлуки во земјата на делување и промовира идеи кои би биле вметнати во постоечката или нова легислатива а со цел унапредувањето на безбедноста на сообраќајот, мотоциклистите и заштитата на животната средина;
- влијае на донесување на одлуки во областа на заштитата на животна средина и сообраќајот во земјата на делување;
Мото клуб Безбедност е отворен за членство на заинтересирани од целата земја. Членови на клубот можат да бидат и заинтересирани од странство. Мото клуб Безбедност е определен да остварува соработка со други организации со цел унапредување на целите и програмата. Важен ресурас на Мото клубот е самото членство кое располага со голем опсег на различни вештини и знаења кои се стекнати преку формално и неформално образование.
Сигурност и безбедност на мотоциклистите остварена преку едукација и подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот Анимација на децата и нивно едуцирање Стручна обука на мотоциклистите и унапредување во општата безбедност во сообраќајот мотоциклизам - општествено посакан и корисен вид на сообраќај Промоција на локалните (македонски) и интернационални (светски) вредности во двете насоки Глорификација на тимскиот дух преку солидарност и хуманост на сигурен и безбеден начин Зближување на обичните граѓани и припадниците на безбедносните структури - доследна заедница на принципи на меѓусебно почитување и благодарност
– Обука на мотоциклисти на тема сигурно и безбедно везење и занатски техники во управување со мотоцикл
– Едукација на децата на тема сигурност и безбедност при управување со две тркала и практична обука
– Формирање и изградба на едукативен полигон
– Организација на натпревар во спретно, сигурно и безбедно возење
– Формирање на корпус на млади таленти
– Хуманитарни акции
– Организација на патувања на мотоциклистите и запознавање со различни вредности – експедиции, меѓунардона соработка – разаменување на знаења и искуства
– Организација на мото собири и промоција на локалните вредности
1) перманентно стручно образование и усовршување на стручни лица кои се ангажирани во Здружението за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот - Мото Клуб Безбедност - Скопје, како и на членовите на Здружението за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот - Мото Клуб Безбедност - Скопје;
2) доделување на признанија на членовите;
3) ангажирање во содејство со други здруженија, институции или организации во земјата во согласност на заедничките интереси;
4) застапување на заедничките интереси на своите членови пред јавните институции и остварување на соработка со јавните институции во земјата;
5) популаризација на мотоспортот, мототуризмот, мотоциклизмот и сродните дејности во медиумите, образовните институции и други организации;
6) грижа за заштита на здравјето на своите членови;
7) поттикнување на бавење со мотоспортот и сродните дисциплини особено кај младата популација;
8) грижа за телесно и ментално развивање на своите членови;
9) активности за јакнење на моралот и спортскиот дух на своите членови и утврдување на правила за однесување кај своите членови и нивното меѓусебно однесување;
10) остварување на соработка со стопанскиот сектор, установи и други правни и физички лица кои се од значење за остварување на целите на Здружението за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот - Мото Клуб Безбедност - Скопје;
11) водење на евиденции;
12) други мерки и активности кои се спроведуваат со цел постигнување на целите на Здружението за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот - Мото Клуб Безбедност - Скопје;
13) тренинг и едукација на мотоциклистите и другите учесници во сообраќајот на тема сигурно и безбедно управување со мотоциклите и техники за безбедно управување на мотоциклите во сообраќајот;
14) едукација и воспитување на деца на тема сигурно и безбедно управување на средства за превоз со две тркала, однесување во сообраќајот преку практични вежби со цел безбедно учество во сообраќајот;
15) прибирање и обработка на научна и стручна литература од областа на животната средина, безбедноста на сообраќајот и мотоциклизмот;
16) остварување на активна соработка со сите релевантни општествени чинители кои директно или индиректно влијаат на унапредување на општеството, одржливиот развој и безбедноста на сообраќајот;
17) поврзување на општествениот, стопанскиот и невладиниот сектор со населението;
18) организација и реализација на едукативни семинари и конференции од областа на животната средина и безбедноста на сообраќајот;
19) користење на медиумите за промовирање на своите активности од областа на спортот, заштитата на животната средина и безбедноста на сообраќајот;
20) изработка и објавување на книги, брошури и стручна литература од областа на животната средина, безбедноста на сообраќајот, мотоциклизмот и мототуризмот;
21) развивање и имплементација на проекти од областа на животната средина и безбедноста на сообраќајот.
22) превземање на мерки и активности за промоција на мототуризмот, соработка со други физички или правни субјекти и интитуции поврзани со областа на мототуризмот во земјата и странство како и организација на настани со цел промоција на мотоциклизмот и мототуризмот во земјата и странство.
Здружението средствата за финансирање ги стекнува од членарина, основачки влогови, доброволни прилози, донации, подароци (во пари, добра, имотни права), завештанија, легати, дејности со кои се стекнува добивка, кирии и закупнини, како и приходи од инвестиции, дивиденди, камати, заеми и други приходи во согласност со закон и со статутот. Здружението може да добива средства и од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.
Органи на Здружението за унапредување на безбедноста во областа на мотоциклизмот - Мото Клуб Безбедност - Скопје се: Собрание, Застапник, Управен одбор и Надзорен одбор. Органите на здружението се избираат на начин утврден со овој Статут. Кандидатите за членови на органите на здружението треба да бидат лица со интегритет, компетентност и афирмативност. Членовите на органите на здружението дејствуваат во личен капацитет и одлучуваат според личното уверување.